Дома Трансфер зона Никој не го сака Роналдо?

Никој не го сака Роналдо?

Времињата поминуваат играчите се менуваат, па така изгледа полека но сигурно изминува и времето на Кристиано Роналдо.

Во последно време многу се шпекулира за заминување на Роналдо од „старата дама“. Се поврзува Роналдо со враќање Реал Мадрид и со Манчестер Јунајтед, а во игра наводно е и ПСЖ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа „Кориере дело спорт“ наведува дека Роналдо нема понуди од други клубови поради големата плата која ја бара за потпис на договорот.

Јувентус во овој момент на Роналдо му плаќа 31 милиони евра по сезона. Ниту еден тим во овој момент не сака да му даде таков договор и наводно тоа е главната причина поради која и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Јувентус.

Во редовите на Јувентус Роналдо пристигна во 2018 година од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а неговото ангажирање на клубот од Торино сигурно дека се исплатеше.

Роналдо и понатаму прикажува солидни настапи и постигнува голови, а покрај тоа Јувентус многу заработи и од продажбата на дресови од кога дојде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …