Дома Фудбал Англија Никој како Бруно Фернандеш: Португалецот испишува историја во Премиер лигата

Никој како Бруно Фернандеш: Португалецот испишува историја во Премиер лигата

Бруно Фернандеш стана единствениот играч во историјата на Премиер лигата кој четири пати во текот на една календарска година бил прогласуван за играчот на месецот.

Португалецот според бројот на гласовите беше избран за најдобар и во декември. Во последниот месец од 2020 година Фернандеш беше најважниот играч на Манчестер Јунајтед кој во овој момент е првопласиран тим на табелата. Во овој месец тој запиша четири асистенции и три гола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конкуренција на Фернандеш му правеа Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Емилијано Мартинез и Анвар Ел Гази (Астон Вила), Бен Ми (Барнли), Мохамед Салах (Ливерпул), Томас Соучек (Вест Хем) и Џон Стоунс (Манчестер Сити).

Интересно е што Фернандеш само за една година успеа да се пробие на шестото место на вечната листа. Водечки е Серхио Агуеро кој седум пати беше играч на месецот. По шест пати беа наградувани Стивен Џерард и Хари Кејн, додека пет пати до признанието дојдоа Вејн Руни и Робин Ван Перси.

Фернандеш ќе го предводи Манчестер Јунајтед и во дербито на досегашниот дел од шампионатот против Ливерпул. Натпреварот против двата водечки тима на табелата е на програмата во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…