Првиот човек на УЕФА истакнал незадоволство од правилото за санкционирање на игра со рака. Според Чеферин ова правило мора да биде појасно.
Словенецот призна дека и самиот не знае со сигурност кога е пенал, кога не, а доказ дека треба да има појаснување бил собирот на најдобрите тренери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ги собравме најдобрите тренери во една просторија. Им покажавме ситуација во која еден фудбалер игра со рака и поставивме прашање дали е пенал. Половина одговорија дека е пенал, половина сметаа дека не е.
Одлуката мора да биде оставена на судијата на теренот, во спротивно немаме потреба од него. УЕФА испраќа препораки до судиите да носат одлуки на своја проценка, односно сами да проценат дали некое движење е природно, дали топката одела кон голот, каква опасност имало…“, изјави Чеферин и откри дека формиран бил посебен борд.
„Формираме специјален борд во кој членови се имиња како Мурињо, Анчелоти, Малдини, Фиго…Тој борд ќе треба да носи препораки за работи поврзани со фудбалски прашања“, истакан првиот човек на УЕФА.