Ливерпул во рамките од 36 коло во Премиер лигата одигра само 0:0 во натпреварот против Стоук, а како најголемата шанса на натпреварот ја пропушти Мохамед Салах.
Салах игра неверојатно оваа сезона и е најзаслужен што Ливерпул се наоѓа на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампионите (во првиот натпревар против Рома запишаа победа од 5:2).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
\Египѓанецот оваа сезона постигна вкупно 43 погодоци, 31 од нив во Премиер лигата, но можел и повеќе!
Педантните статистичари пресметаа дека денешното промашување било 21 за Салах, а тоа верувале или не го прави фудбалер со најмногу промашени зицери во Премиер лигата!