Дома Македонски спорт Николов: Изјавата на капитенот на Австрија не мотивира, ќе видиме кој кого ќе победи

Николов: Изјавата на капитенот на Австрија не мотивира, ќе видиме кој кого ќе победи

Своите очекувања на првиот собир денес за медиумите ги искажа и играчот од нашиот среден Бобан Николов.

Николов како и останатите е максимално мотивиран да го даде најдоброто од себе за македонскиот дрес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На овој собир чувството е поинакво затоа што ќе бидеме подолг период заедно, се надевам дека ќе бидеме сите здрави. Тренираме напорно, но тоа е нормално, мораме да бидеме максимално спремни за Букрешт. Не чека натпревар со Словенија, па со Казахастан“.

Уште еднаш испрати порака до Барди и верува во негово враќање пред ЕП.

„Најважно е таму да отидеме сите здрави. Сите видовме што се случи вчера, знаеме дека Барди е херој, ја има нашата поддршка и веруваме дека ќе го преброди ова, ние сме оптимисти“

„Многу сме спремни и психички и физички, спремни за нови докажување, спремни сме да ја направиме нацијата горда, да изгинеме за македонскиот дрес. Се што се случи во клубовите оставивме таму, тука дојдовме со една мисла да бидеме максимално спремни за ЕП и сакам повторно да донесеме радост“

„Кога било најтешко, секогаш сме покажале карактер, оваа репрезентација, има карактер. Мислам дека цел Балкан ќе навива за Македонија. Оваа репрезентација шест години е заедно, сме поминувале низ добро и лошо, а сега доаѓа шлагот на тортата“.

Јулијан Баумгартлингер, капитенот на Австрија даде изјава во која порача дека Македонија за нив била посакуван противник за едно отварање на ЕП, таа изјава е дополнителна мотивација за нашите фудбалери.

„Ги видов изјавите на капитенот на Австрија, дека имале лесен противник за добар противник. Тоа дополнително не мотивира и ќе видиме на 13. јуни кој кого ќе победи“, порача Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…