Дома Фудбал Англија Никогаш повеќе англиски фудбал на „Скај Спорт“: Потпишан договор вреден 670 милиони евра!

Никогаш повеќе англиски фудбал на „Скај Спорт“: Потпишан договор вреден 670 милиони евра!

Aнглискиот сојуз на фудбалски лиги (ЕФЛ) и „Скај Спорт“ потпишаа договор вреден 670 милиони евра, според кој на „Скај Спорт“ ќе има англиски фудбал повеќе од било кога.

Новиот договор ќе стапи на сила на почетокот на новата сезона и ќе има важност до мај 2024 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спорт“ според овој договор во следните пет години во живо ќе пренесува 138 натпревари од втората англиска лига, како и 15 натпревари од плејофот, за втората, третата и четвртата лига. Пакетот вклучува и права за пренос на завршницата на Карабао купот (Лига Куп) и ЕФЛ трофејот (куп натпреварување за клубоите од третата и четвртата лига).

„Мило ни е што го финализиравме договорот и ги обезбедивме клубовите и нивните навивачи во наредните пет години. Сега сме уште посилна заедница, а нашите гледачи не треба да стравуваат“, изјави извршниот директор на „Скај Спорт“, Барни Франсис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…