Дома Фудбал Останато Никогаш поблиску: Тиери Анри се враќа на добро познато место!

Никогаш поблиску: Тиери Анри се враќа на добро познато место!

enry

Тиери Анри изгледа ќе се врати на добро познато место.

Како што ексклузивно дознава „Скај Спорт“, нов тренер на француски Монако би требало да биде Тиери Анри.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер ќе седне на преговарчка маса со клубот во кој се формираше како играч, а очекувањата се договор да биде брзо постигнат и клубот од Кнежеството да добие нов тренер во рок од 48 часа.

Контактот е веќе воспоставен, двете страни се заинтерсирани, па изгледа Анри повторно ќе гледаме на стадионите во Франција и Европа, но овој пат во улога на тренер.

Анри после Мундијалот ја напушти селекцијата на Белгија каде што работеше како дел од тимот на Роберто Мартинез со цел да пронајде самостоен тренерски ангажман.

Претходно Анри се поврзуваше со Бордо и Астон Вила, но од тие зделки веќе е јасно дека нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Aктуелниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, во алкохолизирана состојба го нападнал реце…