Дома Фудбал Лига на шампиони Никогаш немало повеќе италијански тренери во осминафиналето во Лигата на шампионите

Никогаш немало повеќе италијански тренери во осминафиналето во Лигата на шампионите

Вчера заврши групната фаза од Лигата на шампионите, а денес се сумираат впечатоците и се чека ждрепката в понеделкик, која сигурно ќе ни донесе неколку одлични двојки веќе во осминафиналето.

Групната фаза оваа сезона ќе биде запаметена по многу нешта, најмногу по невидениот исход од групата Х во која Бенфика го освои првото место пред Пари Сен Жермен поради повеќе постигнати голови на гости. Тие две екипи имаа ист број бодови, ист меѓусебен скор, иста гол разлика и ист број на постигнати и примени голови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Карло Анчелоти го надмина Алекс Фергусон, а во историјата заминува уште еден параметар од оваа групна фаза, кој го напишаа италијанските тренери. Пет од нив успеаја да ги одведат своите клубови во нокаут фазата, па Италија за првпат во историјата ќе има дури пет стратези во осминафиналето.

Тоа се Карло Анчелоти од Реал, Лучијано Спалети од Наполи, Симоне Инзаги од Интер, Стефано Пиоли од Милан и Антонио Конте од Тотенхем.

Можеше да има шест ако Масимилијано Алегри и неговиот Јувентус не потфрлија во групата Х, во која освоија само три бода, па натпреварувањето ќе продолжи во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…