Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер низ кариерата се мачи со повредите, а тој негативен тренд продолжи и оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вилшер уште на почетокот на сезоната доживеа повреда на скочниот зглоб после која мораже на долга пауза, а сега му предстои уште една.
Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини после победата над Кардиф со 3:1 потврди дека Вилшер не настапи поради повреда, а повремениот англиски репрезентативец повторно има проблеми со зглобот.
Вилшер летоска премина во Вест Хем од Арсенал, но за овој клуб одигра само три натпревари во оваа сезона. Само што се врати на теренот против Њукасл, Вилшер повторно се повреди и за сега не е познато кога ќе се врати.