Тимот на Арсенал е фаворит за потписот на францускиот репрезентативец и член на Севиља, Стивен Нзонзи, пренесуваат шпанските медиуми.
Нзонзи се најде на списокот на Дешамп за Светското првенство, па моментално е сконцетриран на репрезентацијата, но медиумите се сигурни дека трансферот ќе се реализира после Мундијалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фраузинот и минатото лето сакаше да ја промени средината, но остана во Севиља, а сега е голема желба на тренерот Унаи Емери.
„Топџиите“ наводно веќе постигнале договор со агентот на фудбалерот и во наредните денови ќе испратат прва понуда до шпанскиот клуб.
Доколку двете страни не успеат да најдат заеднички јазик, во тој случај Арсенал е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.