Грејм Сунес, поранешниот тренер на Ливерпул и Саутемптон не ја разбира одлуката Манчестер Јунајтед да му ја додели работата на Рагник.
Германецот потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа до 2024 година ќе остане во клубот како советник, според Сунес тоа е грешка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Рагник има неверојатна биографија. Тој успева да развива клубови во период од пет до 10 години. Такво нешто на Јунајтед во овој момент не му е потребно. Според мене Рагник си обезбеди убави пензионерски денови“, изјави Сунес.
Иако Јунајтед официјално го потврди, сепак Рагник нема да дебитира на клупата на Јунајтед в четврток против Арсенал.