Дома Фудбал Не ја пропуштија шансата: Еве како Манчестер јунајтед го исмејуваше Сити по дебаклот од Спортинг

Не ја пропуштија шансата: Еве како Манчестер јунајтед го исмејуваше Сити по дебаклот од Спортинг

Навивачите забележаа брилијантен начин како Манчестер Јунајтед го исмева својот градски ривал Манчестер сити по дебаклот на граѓаните во Лигата на шампионите.

Во последните години, па дури и една деценија, Манчестер јунајтед немаше многу прилики да се исмева со најголемиот градски ривал кој доминира во Англија и европскиот фудбал. Сепак, синоќа ја искористија првата ваква можност.

Манчестер сити доживеа тежок дебакл во Лигата на шампионите и беше поразен од Спортинг Лисабон со резултат 4:1. Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим ги брои последните часови на клупата на тој тим и наскоро ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

На „Олд Трафорд“ го искористија овој момент за мала провокација кон ривалот.

Веднаш по крајот на натпреварот Спортинг – Манчестер сити. Манчестер јунајтед повторно го објави истото соопштение како пред неколку дена кога Аморим и официјално беше претставен како нов тренер на Манчестер јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…