Барселона го победи Реал Мадрид со 2:1 изминатиот викенд на „Камп Ноу“ во најголемото дерби на шпанскиот фудбал и направи огромен чекор кон титулата. Каталонците сега имаат 12 бода предност на 12 кола пред крајот на првенството.
Сепак, и неколку дена по натпреварот реакциите не стивнуваат. Од Мадрид пристигнуваат пораки дека се украдени и дека судијата Бенгоечеа директно влијаел на конечниот исход.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клупската телевизија на Реал, „Реал Мадрид ТВ“ објави четириминутно видео со неговите одлуки за кои тврди дека биле на штета на мадридскиот тим.
„Ништо не не изненадува кај судијата кој секогаш со своите грешки го оштетува Реал. Го знаевме тоа. Кога суди Де Бургос Бенгоечеа, ние секогаш играме против 12 играчи“, се зборува во видеото.
Клупската телевизија на Реал посочува дека Бенгоечеа направил се заедно со својот колега во ВАР, Цезар Сото Градо, да го „држат Реал подалеку од секакви шанси да се бори за титулата“.
Во понатамошната анализа, судијата е директно обвинет за поразот од Реал, кој тврди дека секоја одлука била на штета на мадридскиот клуб.
Се издвојува дека Серхи Роберто требало да добие жолт картон во 15. минута, а потоа нешто подоцна судијата не дал таква опомена и за Роберто Левандовски.
Неговите критериуми зависеле од дресот што го носи играчот“, се истакнува, а потоа се додава дека ниту Гави не смеел да го заврши натпреварот поради прекршоци кои не биле, а требало да бидат санкционирани со жолт картон.
„Двајцата судии имаа задача да го исфрлат Реал Мадрид од трката за титулата во лигата. Не ја пропуштија приликата да го направат тоа“, стои во деталната анализа, а посебно е истакнат поништениот гол на Марко Асенсио од 81. минута.
„Својата одлука ја оправдаа со некои линии, повлекувајќи ги сантиметар овде или таму, со око, како што им одговара“, се тврди и се заклучува: „За да ни ги уништат соништата, го признаа голот на Кеси по очигледниот фаул на Левандовски на Карвахал“.