Дома Трансфер зона Не му биле доволни 20 милиони евра: Брозовиќ им побарал повеќе пари на Саудијците

Не му биле доволни 20 милиони евра: Брозовиќ им побарал повеќе пари на Саудијците

Иако изгледаше како завршена работа, сепак изгледа дека Марсело Брозовиќ ја одбил понудата од Саудиска Арабија да премине во редовите на Ал Наср на Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека хрватскиот играч за врска место понудените 20 милиони евра по сезона, побарал десет повеќе.

Интер минатата недела постигна договор за да го продаде за 23 милиони евра и се чекаше одобрување од фудбалерот за се да биде официјално потврдено. Сепак, сега пристигнуваат информации дека Брозовиќ барал 30 милиони евра и трансферот се доведува во прашање.

Претходно тој се поврзуваше и со Барселона, меѓутоа јасно е дека ако се одлучи за Каталонците тогаш не може да бара ниту приближно до понудените 20 со оглед на финансиската ситуација во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…