Дома Фудбал Не знае шпански и игра очајно – до кога Реал ќе го чека Јовиќ?

Не знае шпански и игра очајно – до кога Реал ќе го чека Јовиќ?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ не беше најдобар против Сарагоса во шпанскиот Куп, па само 14 пати ја допре топката за 74 минути поминати на теренот.

Шпанските медиуми пишуваат дека двајца фудбалери го загрижуваат тренерот Зинедин Зидан, а тоа се Јовиќ и Марсело.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Уште една пропуштена шанса за Лука… Неговите соиграчи повеќе и не го бараат на теренот. Полека останува без аргументи за да продолжи да бара минутажа“, објави шпанска „Марка“.

Од друга страна, шпански „АС“ објави дека Јовиќ е најслабиот играч во екипата, а исто така му замеруваат и за тоа што не знае шпански, па Лука Јовиќ мора да му преведува.

Пораката на „АС“ е дека Зидан мора под итно да ја реши „мистеријата наречена Јовиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…