Дел од фановите на Интер изгледа сепак се со него.
Додека не ја видовме оваа фотографија сметавме дека сите навивачи на Интер се против поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради ситуацијата со одолговлекувањето на новиот договор Мауро Икарди ја изгуби капитенската лента, а потоа одби да биде во составот за натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа. Икарди потоа не беше во составот на Интер и за натпреварот со Сампдорија во Серија А.
Токму на овој натпревар видовме и еден потег на навивачите на Интер кој се сметаше за доказ дека навивачите се против Икарди (испратени беа свирежи кога ликот на Икарди се појави на видео бимот). Меѓутоа не се сите, изгледа дека сега владее поделба помеѓу навивачите на Интер – едниот дел го брани Икарди, другиот го оправдува Интер.
Денес Икарди го слави својот 26-ти роденден, виден е како пристигнува во тренинг центарот на Интер, но не тренирал со соиграчите поради наводната повреда која се појави од никаде кога почнаа проблемите со капитенската лента.
Оној првиот дел навивачите на Интер кои ги споменавме за кои ние не очекувавме дека ги има (бранителите на Икарди) направија гест кој сигурно во овие денови е и тоа како добредојден за Аргентинецот.
Имено, пред домот на Икарди беше поставен транспарент на кој пишуваше „Среќен роденен капитену“.