Поранешниот тренер на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Зинедин Зидан одбил да го преземе Ал Наср, пренесува „Foot Mercato“.
Саудискиот клуб му понудил на легендарниот Французин со алжирско потекло плата од 150 милиони евра за две години, но и покрај таа сума Зидан одбил да го води клубот за кој настапува Кристијано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без ангажман Зидан е од пролетта 2021 година кога се раздели со Реал Мадрид, се поврзуваше со ПСЖ, Јувентус, Марсеј и репрезентацијата на Франција, но засега се уште е слободен.
Во тренерската кариера Зидан работеше само во Реал со кој трипати ја освои Лигата на шампионите, двапати Ла Лига, Суперкупот на Европа и Шпанија и Светското клупско првенство.
🚨 Zinedine Zidane has rejected a two-year contract to manage Saudi Arabian club Al-Nassr worth €150M.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 25, 2023
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/diI48SwIS4