Дома Трансфер зона НЕ Е САМО РОНАЛДО: Јувентус доведува уште двајца играчи на Реал Мадрид!

НЕ Е САМО РОНАЛДО: Јувентус доведува уште двајца играчи на Реал Мадрид!

real madrid

Откако што Јувентус го доведе Кристиано Роналдо од Реал Мадрид, управата на „Старата дама“ нема во план да запре само со него.

Имено, актуелниот шампион на Италија сака во своите редови да доведе уште двајца играчи на Реал Мадрид – Марсело и Хамес Родригез. Уште минатото лето Марсело беше голема желба на Јувентус. Се зборуваше дека прашањето е само денот кога Марсело ќе дојде во Торино, меѓутоа, до трансфер не дојде.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што пренесува „Tuttosport“, Реал одлучи да го пушти Бразилецот во Јувентус, но во замена за него го бара сонародникот Алекс Сандро. Исто така, Хамес Родригез изразил желба да го напушти Баерн, каде што е на позајмица од Реал Мадрид. Наводно, Мендеш со доаѓањето на Роналдо во Јувентус ја условил управата на „Старата дама“ да го доведе и Колумбиецот во Торино, така да планот е Баерн да го откупи Хамес од Реал, а потоа да го продаде на Јувентус.

Нема сомнеж дека Јувентус со ова дуо во тимот би бил главен кандидат за освојување на Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…