Додека се чека расплетот за трансферот на Обамејанг, раководството на Арсенал работи и на засилување на одбраната.
И понатаму нема потврда, но се чини дека трансферот на Обамејанг во Арсенал е многу блиску. „Топџиите“ ја подобрија понудата на 58 милиони евра, па сега се чека само одговор на Жиру, кој треба да се пресели во Дортмунд како дел од трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Французинот дал согласнот да се пресели во Бундес лигата со цел да има поголема минутажа пред Светското првенство. Делегацијата на Арсенал се уште е во Дортмунд, па трансферот би требало да биде комплетиран следните денови.
Меѓутоа, тоа нема да биде последното засилување, бидејќи Венгер сака да го донесе и Џони Еванс. Англиските медиуми пренсуваат дека „топџиите“ сега се во пол позиција за неговиот потпис, бидејќи Гвардиола се насочи кон Лапорте.
Arsenal are now in pole position to sign Jonny Evans as well as Pierre-Emerick Aubameyang for a combined £75m. (Source: The Daily Telegraph) pic.twitter.com/oAa8AF4GKt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 24, 2018