Килијан Мбапе на лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид. Сепак, тој не е единствениот кој француската престолнина ќе ја замени со шпанска.
Драмата околу Килијан Мбапе конечно го доби својот епилог. 25-годишниот фудбалер одлучи да не го продолжи договорот со ПСЖ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така на крајот на оваа сезона тој ќе го напушти клубот во кој дојде во 2017 година од Монако. Неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.
Сепак, освен него, од ПСЖ на Бернабеу би можел да замине уште еден играч.
Според новинарите на „Мадрид Универзал“, Хакими сака да го напушти ПСЖ на крајот од актуелната сезона и би размислил да се врати во Реал Мадрид, тимот што го лансираше на големата сцена.
Мароканецот, кој мина низ академијата на Лос Бланкос во летото 2017 година, беше промовиран во сениорскиот тим. По девет натпревари тој беше позајмен во Борусија Дортмунд.
Таму беше стартер две години, а потоа во 2020 година беше продаден на Интер за 43 милиони евра.
По исклучителната сезона во дресот на Интер, тимот од Милано го продаде на ПСЖ за 68 милиони евра.
Дресот на Парижаните го носи веќе три сезони. Забележа 105 настапи, постигна 13 гола и запиша 17 асистенции, но се чини дека на неговата авантура во дресот на ПСЖ и дојде крајот.
Доколку се врати во Реал Мадрид ќе се бори за место во стартниот состав со Карвахал.