Дома Фудбал Англија Не е готово! – Конте повторно за Мурињо: Ова е личен проблем помеѓу мене и него

Не е готово! – Конте повторно за Мурињо: Ова е личен проблем помеѓу мене и него

На конференцијата за новинари пред натпреварот со Арсенал, Антонио Конте повторно зборуваше за Жозе Мурињо.

Антонио Конте и Жозе Мурињо се во „војна“ и тоа е јасно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се започна кога Мурињо зборуваше за „кловоновите“ на најсилните клубови во Премиер лигата. Конте се „пронајде“, па му одговори со зборовите дека е сенилен.

Мурињо не чекаше долго за да ја продолжи расправата, па му одговори со следните зборови.

„Секако сите грешиме и Конте и јас. Сепак, она што е сигурно е дека јас никогаш нема да бидам суспендиран за местење натпревари“, изјави Мурињо.

Потоа Конте му возврати со зборовите дека Мурињо „мал човек“ и дека сето тоа може да се заклучи од неговите потези во минатото, а посебно интересна беше една негова реченица.

„Се што имам да му кажам на Мурињо ќе му кажам во соба кога ќе бидеме сами, кога ќе играме еден против друг“, возврати Конте.

Инталијанецот денес одржа конференција за медиумите пред натпреварот со Арсенал на која помеѓу другото зборуваше и за Мурињо.

„Ме прашувате дали се каам? Дали ви изгледам на човек кој се кае? Не, не би рекол. Двајцата си кажавме она што имавме, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Употреби тешки зборови и нема тоа да му го заборавам. Ова не е проблем помеѓу клубовите, ова е помеѓу мене и него“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…