Статистичарите пресметаа податок за тоа колку време Нејмар бил повреден звучи неверојатно.
Нејмар е повторно повреден и сигурно нема да игра до 22. ноември, односно до крајот на следната репрезентативна пауза. Бразилецот зарабтои нова повреда, не е тешка како претходната, но ќе паузира околу три недели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Статистичарите пресметаа дека Нејмар од доаѓањето во ПСЖ од август 2017 година надвор од терените бил една година, поточно 368 дена. Најдолгата пауза ја имаше во сезоната 2017/2018 и 2018/2019 кога пропушти по 17 и 18 натпревари.
Нејмар сега ќе пропушти дополнителни три натпревари, против Нант, Лајцпиг и Рен, а ќе се врати за дуелот со Монако на 22. ноември.
Ќе потсетиме, Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона за 222 милиони евра.