Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека имал многу проблеми при носењето на одлуката да ја напушти Барселона.
Нејмар две недели лажел, а на крајот се одлучил да премине во Париз иако претходно на соиграчите им тврдел дека ќе остане со нив.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Барселона е клуб кој секогаш ме воодушевувал и се уште ме сака. Разговарав со колегите, но на крајот се одлучив за нешто ново. Донесов многу тешка одлука. Имаше моменти во кои се сомневав, зборував дека останувам и тоа на две недели пред заминам. Се одлучив да ја напуштам Барселона, иако претходно им кажав на соиграчите дека ќе останам во клубот. Сакав некој нов предизвик“, порача Нејмар.
Нејмар беше многу критикуван кога го забележаа на карневалот во Бразил само неколку дена откако се повреди.
„Тоа ми пречеше, бев повреден, но можев да одам. Тренирав два месеци. Она што најмногу ме нервира е што гледам дека играчи кои беа во такви ситуации зборуваат за мене“, се пожали Бразилецот.
Потоа зборуваше за својот стил на игра.
„Мојот начин на игра веќе е добро познат: Ја зимам топката и тргнувам напред. Мојот најдобар квалитет секогаш биле дриблинзите. Мојот стил е она што ги тера луѓето да доаѓаат на стадионот. Никој не доаѓа поради лизгачките стартови и грубата игра, ако сакаат такво нешто ќе одат да гледаат ММА или бокс“, порача Нејмар.