Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар изгледа јавно призна дека сака да го напушти ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот за кој ПСЖ плати 222 милиони зборуваше за своите цели во блиска иднина и јасно порача дека има намера да побара нови предизвици.
„Целата ми е оваа сезона да освојам се што можам со ПСЖ и Бразил. Посебно сакам да ја освојам Лигата на шампионите и Копа Америка, а потоа да побарам нови предизвици“, изјави Нејмар.
Бразилецот во текот на летото долго се поврзуваше со враќање во Барселона, меѓутоа на крајот остана во Париз бидејќи клубовите не се договорија.