Сопственикот на ПСЖ пристигнал во Бразил каде што се сретнал со Нејмар и неговиот татко.
Нејмар во Бразил се опоравува од повредата на стапалото, а медиумите, поточно „Дон Балон“ пишува дека Ал Келаифи пристигнал на разговори за иднината на фудбалерот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите успеаа да дојдат до изјави од таткото на фудбалерот и од претседателот на ПСЖ.
„Нејмар има иднина во ПСЖ. Има сегашност, а има и иднина“, изјави таткото на Нејмар.
„Сигурен сум дека Нејмар ќе се врати многу брзо. На Нејмар потребна му е нашата поддршка, бидејќи не е лесно да се помине низ таков период. Многу е хиперактивен, знам дека прави се да се врати на терените“, изјави сопственикот на ПСЖ.
Ал-Келаифи и Нејмар Сениор не сакаа да даваат повеќе детали на оваа тема, како ниту за враќањето на фудбалерот.
Сепак, „Дон Балон“ со информации од свои извори тврди дека Нејмар побарал да му бидат доведени два играчи за тој да потврди дека останува во Пари Сен Жермен, тој сака тим кој ќе доминира во Европа.
Како што пишува овој шпански медиум, Нејмар му порачал на Ал Келаифи во Париз да ги доведе Касемиро од Реал Мадрид и голманот на Барселона, Тер Штеген.
Секако, јасно е дека и двата фудбалери се искулучително тешки мети, но останува да видиме дали Келаифи ќе ја исполни и оваа желба на Бразилецот.