Дома Фудбал Нејмар се понудил на Барса? Се огласија од тимот на Бразилецот!

Нејмар се понудил на Барса? Се огласија од тимот на Бразилецот!

Во текот на вчерашниот ден во јавноста се појавија информации дека Бразилецот Нејмар се понудил на Барселона да се врати во Каталонија, но брзо пристигна демант.

Од таборот на Нејмар ги контактираа медиумите пренесувајќи дека информациите кои се шират за негово можно враќање во Барселона се лажни.

„Нејмар има договор со Ал Хилал и е среќен во Ријад. Наскоро ќе се врати на терените за да ги воодушевува навивачите“, соопштија од тимот на Бразилецот.

Во веста за Нејмар и Барселона се истакнуваше дека бразилскиот фудбалер се понудил, но германскиот стратег Ханси Флик го означил како непотребен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…