Дома Фудбал Нејмар се помири со судбината

Нејмар се помири со судбината

Најскапиот фудбалер на светот, Бразилецот Нејмар, ги започна припремите со ПСЖ.

Не е тајна дека бразилскиот велемајстор силно сака да ги напушти редовите на францускиот првак ова лето и да се врати во Барселона, но од тоа нема да биде ништо.

Барселона нема доволно пари да го донесе во своите редови, а ПСЖ од друга страна не сака да ја прифати понудата за размена на играчи која каталонскиот клуб ја нудеше.

Француски Л’екип од извори блиски до клубот дознава дека ПСЖ нема намера да прифати било каква понуда за Нејмар која вклучува играчи и дополнителни пари.

Исто така, Л’Екип тврди дека Нејмар веќе се помирил со судбината. Па така бразилскиот фудбалер и натаму ќе го гледаме во дресот на ПСЖ, каде претходните две сезони одигра 58 натпревари и постигна 51 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…