Бразилецот Нејмар сигурно ќе игра уште долго, меѓутоа полека размислува и за крајот на кариерата.
Нејмар има желба барем една сезона во кариерата да одигра во САД, меѓутоа сака да се пензионира како играч на Сантос. Бразилецот важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата и лидер на бразилската репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Европа во редовите на Барселона Нејмар дојде токму од Сантос.
„Возбуден сум и би сакал да се вратам во Сантос и таму да ја завршам кариерата, многу ми недостига да играм во мојот град. Исто така сакам да одиграм барем една сезона во МЛС лигата“, изјави Нејмар.