Дома Фудбал Нејмар: Сакам да играм со Роналдо

Нејмар: Сакам да играм со Роналдо

Нејмар неодамна стави потпис на нов договор со ПСЖ и од претседателот побарал да бидат донесени големи фудбалски имиња.

Многу фудбалски ѕвезди се поврзуваат со трансфер во Пари Сент Жермен, а Нејмар не крие дека сака да игра заедно со Кристиано Роналдо.

„Сакам да играм со Кристиано Роналдо. Имам играно покрај големи фудбалери како Лео Меси и Килијан Мбапе, но никогаш не сум играл покрај Роналдо“, истакна Нејмар.

Иднината на Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека може да ја промени средината ова лето.

Токму ПСЖ важи како фаворит за неговиот потпис бидејќи „светците“ имаат финансиска моќ да го донесат во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Свирежи за Романија во Зеница: Медиумите го посочуваат транспарентот за Младиќ

Романската химна беше исвиркана пред дуелот со БиХ, а романските медиуми ја поврзуваат реа…