Францускиот гигант ПСЖ во претходните години потроши многу пари на засилувања, но истите не ги донесоа посакуваните резултати и титулата во Лигата на шампионите што беше главна цела на претседателот Насер Ал-Калаифи.
Сега англиските медиуми пренесуваат сензационална вест според која Нејмар би можел да си замине од ПСЖ и тоа за нов светски рекорд. Нејмар во ПСЖ пристигна за 222 милиони евра, додека според овие најави Бразилецот може да го подобри светскиот рекорд со трансфер од 238 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како нова дестинација се споменува Премиер лигата, а Њукасл кој од неодамна е најбогат клуб во светот со влекувањето на саудискиот принц Мохамед Бин Салман кој нема намера да штеди и планира да влезе во борба со Манчестер Сити за потписот на Нејмар.
„Дејли Мејл“ исто така додава и дека Нејмар има желба да се проба во Премиер лигата, но и би добил поголема плата од сегашната во ПСЖ.
Newcastle 'eyeing up £200MILLION move for PSG star Neymar and will battle Manchester City and Barcelona for his signature' https://t.co/riQQz8WAo5
— MailOnline Sport (@MailSport) March 19, 2022