Дома Фудбал Останато Нејмар не издржа, па му откри на Меси дали ќе настапи во реваншот против Реал Мадрид

Нејмар не издржа, па му откри на Меси дали ќе настапи во реваншот против Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер, Нејмар изминатиот викенд заработи непријатна повреда на скочниот зглоб и според се, ќе биде принуден да го пропушти реванш мечот во осминафиналето во ЛШ против Реал Мадрид.

Повредата на Нејмар дојде во најлош момент за ПСЖ пред еден од најважните дуели во сезоната. За тоа е свесен и Унаи Емери кој речиси сигурно ќе заработи отказ доколку и оваа година испадне со ПСЖ од најелитното европско клупско натпреварување на светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми донесуваат различни информации што се однесува до тежината на повредата на Нејмар. Неговиот тако истакна дека Нејмар ќе биде надвор од терените дури два месеци, додека Емери тврди дека верува во тоа дека бразилскиот фудбалер ќе биде подготвен за реваншот против Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објабвија денес информација која ги израдува навивачите на Парижаните. Како што се наведува, Нејмар разговарал вчера со Лео Меси кому му открил дека ќе игра протитв Реал Мадрид без оглед на се. Бразилецот е очигледно подготвен да стисне заби за да и помогне на целата екипа, но јасно е дека на тој начин би ризикувал да заработи уште потешка повреда.

Доколку Нејмар одлучи да игра иако е повреден, тоа сигурно нема да им се допадне на Бразилците бидејќи за неколку месеци ги очекува Светкото првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…