Ѕвездата на Пари Сент Жемен, Нејмар даде опширно интервју за француските медиуми каде меѓу другото зборуваше и за честите забави кои ги прави.
Нејмар неодамна беше критикуван за забавата која ја направи во Бразил бидејќи наводно ги прекршил протоколите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа е многу чуствителна тема, бидејќи на кого не му се допаѓаат забави? Сите сакаат да се забавуваат, да излегуваат со пријатели и да бидат со блиските. Знам кога можам да организирам забава, а кога не, иако луѓето мислат дека сум незрел. Ако сум 100% концентриран со мислите на фудбалот, ќе експлодирам, и затоа никогаш нема да престанам со забавите“, изјави Нејмар.
Бразилецот призна дека сега е многу среќен во Париз.
„Работите се променија, многу сум среќен во Париз. Сега сум поадаптирам во клубот и сум среќен. Сакам да останам во ПСЖ и очекувам Мбапе да остана исто така. Сакаме да направиме големи нешта во ПСЖ“, додаде Нејмар.