Најскапиот фудбалер во светот и човекот од кого Бразил очекува многу на овој Муднијал убедува дека не го интересира мислењето на јавноста и дека во Русија е со една цел.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нејмар потенцираше дека не сака овој Мундијал да биде негов, тој сака ова да биде Мундијал на Бразил.
„Не сакам ова да биде Муднијал на Нејмар. Сакам да биде на Бразил! Екипата е поважна од кој било поединец, среќен сум што сум дел од ваков тим и сигурен сум дека можеме далеку да стигнеме. Задоволен сум досега од мојот допринос“, изјави Нејмар
Сепак, не можеше, а да не испрати „отровни стрели“ кон противникот.
„Цел тим заслужува честитки, бидејќи нас Мексико во одредени делови од натпреварот не притискаше. Што е и логично, ова беше добра лекција, Мексико покажа квалитет, но одредени играчи премногу зборуваа за мене пред натпреварот. Е, сега тие си одат дома“, заврши Бразилецот.