Дома Фудбал Останато Нејмар му дозволи, Кавани го промаши пеналот – Еве што имаа да кажат Емери и соиграчите

Нејмар му дозволи, Кавани го промаши пеналот – Еве што имаа да кажат Емери и соиграчите

ПСЖ во вчерашниот натпревар тешко дојде до победата против Троја и со головите на Нејмар и Кавани стигна до победа од 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот од Париз во првото полувреме имаше голема прилика да дојде до предност, но Ургуваецот, Едисон Кавани не реализираше пенал. Со тоа повторно почна да се пишува за тоа кој е подобар изведувач на ударите од белата точка.

„Моите играчи знаат кој треба да ги шутира пеналите, но сето тоа може да се прилагоди во зависност од тоа што се случува на теренот. Ова е вистински пример како треба да изгледаме на теренот, Кавани шутираше пенал, Нејмар погоди и асистираше.“, изјави Емери, додека Тијаго Силва истакна.

„Нејмар направи убав потег со тоа што му дозволи на Кавани да го изведе пеналот“, изјави капитенот.

„Среќни сме што го имаме во тимот. Тој ни го отвори патот кон победата“, истакна Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…