Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар: Ме плукате, а не знаете зошто плачам…

Нејмар: Ме плукате, а не знаете зошто плачам…

Бразилецот причино емотивно го дочека крајот на мечот со Костарика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразил вчера со тешка мака ја совлада Костарика, беше 2:0 за Кариоките, но двата погодоци дојдоа дури во судиското продолжение.

Кутињо погоди во 91. минута, а пет минути подоцна прецизен беше и Нејмар кој веднаш по последниот свиреж на судијата почна да плаче.

Откако во ремито во Швајцарија беше индиспониран, ниту во мечот до Костарика не брилјираше.

Повеќе привлече внимание со оние нефудбалски работи, но сепак успеа да дојде до погодок.

„Не знаат баш сите низ што се минав да дојдам до овде. Солзите се радосници. Никогаш не ми било лесно во животот, не ми е ниту сега. Се продолжува сонот, не сонот – целта. Честитки“, напиша Бразилецот на својот инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Хаос на Мундијалот: Снајперист на покривот за време на натпреварот од шеснаесеттина финале! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше видена за време на натпреварот меѓу Германија и Парагвај во шеснаес…