И покрај тоа што навивачите на ПСЖ неодамна протестираа пред неговата куќа барајќи да замине од Париз, Нејмар вчера се појави на „Парко на принцовите“ и го бодреше тимот против Ајачио (5:0).
Исто така Нејмар ја искористи можноста да го поддржи својот соиграч и пријател Лионел Меси кој по суспензијата се врати во стартниот тим на клубот од Париз. Од трибините Меси добиваше свирежи при секој допир со топката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар го поддржа заедно со Суарез кој беше вклучен „онлајн“.
„Го гледаме нашиот пријател заедно“, напиша Нејмар и го означи Аргентинецот.
Меси, Нејмар и Суарез своевремено формираа фантастично напаѓачко три во Барселона, а во 2015 година успеаа да освојат тројна круна – Лига на шампионите, Ла Лига и Копа Дел Реј.