Потегот на Бразилецот Нејмар во вчерашниот натпревар за кратко време крена огромна прашина, а многумина и го осудуваат Бразилецот кој сега излезе во јавноста со свој коментар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар на противничкиот фудбалер му направи „маалска финта“, но фудбалскиот свет на ова виде гледа како понижување и навреда на противникот.
„Противниците често ме провоцираат, сега јас одлучив малку да се пошегувам, секако дека очекував коментари, но јас истото го правам и со моите пријатели, па сметам дека нема ништо лошо и во тоа им го направив и на противниците. Фудбалот понекогаш знае да биде досаден“, се бранеше најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.