Дома Фудбал Репрезентации Нејмар за еден од најтешките моменти во кариерата: Два сантиметри го делеле да остане неподвижен

Нејмар за еден од најтешките моменти во кариерата: Два сантиметри го делеле да остане неподвижен

Нејмар во своето интервју за ДАЗН најави дека Светското првенство во Катар веројатно ќе биде негово последно и дека не е сигурен дали уште има сили да се занимава со фудбалот.

Во тоа исто интервју Бразилецот се потсети на еден од своите најтешки моменти во кариерата. Во четвртфиналето на Светското првенство во 2014 година тешко го повреди Колумбиецот Хуан Камиљо Зунига.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тоа беше еден од моите најлоши моменти во кариерата. Ми го уништи сонот да играм полуфинале и финале на СП. Марсело ми помогна да станам, се обиде да ми ја помести ногата, но не можев ништо. Немав сила да станам. Потоа ме одведоа во амбуланта“.

Само два сантиметри го делеле да остане неподвижен.

„Останаа уште две минути до крајот, а јас се сеќавам дека ногата во амбулантата на стадионот ми беше свиткатана, докторите ми ја истегнаа. Почувствуав шок. Не можев да ја поместам ногата и очајнички почнав да плаќам. Докторот ми кажа: Имам две вести – една добра и една лоша. Која ја сакате? Му одговорив дека сакам прво лошата да ми ја каже: Повеќе нема да играте на СП“. Додека го плачев, го прашав која е тогаш добрата вест: Да те удрел два сантиметри подоле, повеќе немаше да можеш да одиш. Потоа почнав да плачам затоа што знаев дека СП за мене е завршено“, изјави Нејмар.

На тоа СП Бразил во полуфиналето доживеа тежок пораз од Германија од 7:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…