Дома Топ вести Нејмар е информиран дена ПСЖ повеќе не го сака

Нејмар е информиран дена ПСЖ повеќе не го сака

Иднината на Нејмар во ПСЖ е неизвесна бидејќи францускиот клуб се обидува да се ослободи од Бразилецот.

Според „Ел Паис“ клубот го известил таткото на најскапиот фудбалер на светот за своите планови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Шпекулациите за разделба со Нејмар се појавија откако ПСЖ загуби од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите и кога беше исвиркан од фановите.

Самиот фудбалер во неколку наврати изјави дека сака да остане на „Паркот на принцовите“, но се предомислил по неодамнешното интервју на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи, кој избегна да одговори дали Бразилецот ќе биде важен за тимот и во иднина.

Нејмар се почувствувал навреден и е подготвен да си замине, но неговиот трансфер нема да биде лесен, бидејќи ниту еден друг клуб не е спремен да му гарантира плата од 40 милиони евра.

ПСЖ дури е спремен да го пушти на позајмица и да ја плаќа половина од неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…