Бразилецот Нејмар наскоро би требало да се врати на терените, а овие денови е во центарот на вниманието и поради силните гласини дека би можел да се пресели во Реал Мадрид.
Нејмар повеќе од еден месец престојуваше во Бразил каде што се опоравуваше од повредата, а на почетокот на неделата која е зад нас се приклучи на тренинзите на ПСЖ. Бразилецот сега тренира максимално и ќе биде спремен пред почетокот на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се оди според планот и поради тоа сум му благодарен на Бог, но секогаш постои одреден страв кога се враќате после повреда. Морам да се ослободам од тој страв пред почетокот на Светското првенство и сега тоа е мојата цел“, изјави Нејмар.
Добро познато е дека минатото лето ја напушти Барселона и за 222 милиони евра пристигна во ПСЖ, но призна дека му недостасува каталонскиот клуб, посебно неговите пријатели Меси и Суарез.
„Ми недостасува Барселона. Се сеќавам на еден натпревар во кој дриблав неколку играчи, ја додадов топката до Меси и тој го направи истото. Во наредниот напад такво нешто се обиде да направи и Суарез, но заврши на земјата. Тоа беше доволна причина за да се шегуваме на негова смета. Ете, таков однос имавме. Кога ќе помислам на Барселона, таквите моменти се она што најмногу ми недостасува“, заврши Нејмар.