Реал Мадрид вчера во натпревар од Примера ја декласира Севиља со 5:0, а двоен стрелец беше Кристиано Роналдо.
Најпрво Роналдо постигна гол во 23-та минута на асистенција на Асенсио, а потоа погоди уште еднаш од белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако Португалецот оваа сезона не е на своето голгетерско ниво во Примера, сепак нешто импресивно и интересно се крие позади двата вчерашни гола. Имено, Роналдо секогаш непосредно после добивањето на „Златната топка“постигнува гол за Реал Мадрид.
Португалецот само ја продолжи низата, а претходно постигнуваше погодоци против Осасуна, Атлетико Мадрид и Гранада после освоените „Златни топки“ во 2013, 2014 и 2016 година.