Легендарниот Диего Армандо Марадона (57) неславно ја заврши својата втора епизода во Емиратите, во второлигашот Ал Фуџаирах.
Тимот на „Ел Пибе“ во последното коло одигра само 1:1 против екипата на Ал Калејо, а со тој резултат мораше да се задоволи само со третото место, зад Ал Итихад кој има ист број на бодов, но подобар меѓусебен дуел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марадона веднаш после натпреварот си поднесе оставка на местото тренер во екипата кое го извршуваше од минатиот мај.
За славниот Аргентинец ова беше втор професионален ангажман во „Емиратите“, после оној кој го имаше во Ал Васл каде што се задржа една година.
Претходно беше селектор на Аргентина од 2008 до 2010 година.