Дома Топ вести Несторовски мета на два клуба од Серија А!

Несторовски мета на два клуба од Серија А!

Илија Несторовски и оваа сезона во Серија Б игра во добра форма и со неговиот Палермо е во борба за влез помеѓу најдобрите клубови во Италија.

Палермо се бори за влез во Серија А, но Несторовски би можел да го гледаме во Серија А дури и ако овој клуб не се избори за влез.
Според информациите на италијанските медиуми за Несторовски постои интерес од два клубови од Серија А.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно, за нашиот напаѓач интерес покажуваат Сасуоло кој е во потрага по ново засилување во нападот.

Вториот клуб е за нас поинтересен бидејќи би можел да се оформи македонски тандем во најсилното италијанско друштво. Тимот на нашиот капитен Горан Пандев покажал интерес за услугите на Нестор.

Засега не се истакнува некој клуб како фаворит. Главната цел за Несторовски во овој момент е да му помогне на Палермо да се врати во Серија А, а доколку тоа се случи би требало и тој да остане редовите на клубот од Сицилија.

Ќе потсетиме, покрај Несторовски дресот на Палермо го носи и Александар Трајковски.

Во овој момент Палермо се наоѓа на третата позиција во Серија Б со 57 освоени бодови, Лече пред нив има три повеќе, но и натпревар повеќе. Лидер на табелата е Бреша со 63 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…