Илија Несторовски во Удинезе би можел да добие добро познат соиграч од овие простори.
Адем Љајиќ изгледа се враќа во Италија. Медиумите на Апенините тврдат дека Љајиќ би можел да се врати во Серија А каде што го носеше дресот на Фиорентина, Рома, Интер и Торино. Новиот клуб од Италија на Љајиќ може да биде Удинезе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бешикташ има финансиски проблеми и примањата на Љајиќ се преголеми за турскиот клуб па сакаат да го пуштат на позајмица, додека Удинезе на лето би имал можност да го откупи за мала сума.
Самиот Љајиќ веројатно не би имал ништо против да се врати во Италија. Удинезе игра малку подобро после заминувањето на Тудор, иако овој клуб го чека тешка борба за опстанок бидејќи во овој момент се на само четири бода од зоната за испаѓање.
Оваа сезона Љајиќ постигна само ден гол за Бешикташ.