Maнчестер Јунајтед со поразот од Вест Хем (0:1) остана без финалето во Лига Купот, а лесно можеше во текот на натпреварот „црвените ѓаволи“ да останат со играч помалку.
Владимир Коуфал ја прими топката и ја проследи топката до свој соиграч, за потоа Немања Матиќ да налета на него и намерно да го удри со колено во најнезгодносто место.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коуфал падна и се превиткуваше на теренот, но судијата Џон Мос и неговите помошноци не забележаа што направи Матиќ. Ќе потсетиме, во Лига Купот ВАР не се користи, ако го имаше тешко дека Србинот ќе се извлечеше.