Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Интер, Иван Перишиќ повторно јавно покажа колку многу сака да заигра со Лука Модриќ во Интер.
На социјалните мрежи се појави фотографија со господин кој има дрес од Интер и потсетува на капитенот на Хрватска. Иван Перишиќ на оваа фотографија стави „лајк“, но го „тагираше“ Модриќ во коментар со цел и тој да ја види објавата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Перишиќ пред четири дена објави фотографија на која се наоѓа со Врсаљко и Брозовиќ, а во описот додаде прашање: „Кој недостасува?
Модриќ ја „лајкна“ оваа фотографија, а на навивачите на италијанскиот клуб ова им беше доволно за повторно да сонуваат за Модриќ.
Денес охрабрувачки беа и зборовите на агентот на Модриќ за „Тутоспорт“. Сепак Интер нема уште многу време трансфер периодот во Италија завршува на 18-ти август.