Дома Фудбал Нереални сцени од Шпанија: На Реал не му беше доволен подарениот пенал ниту 130 минути игра

Нереални сцени од Шпанија: На Реал не му беше доволен подарениот пенал ниту 130 минути игра

Фудбалската сезона во Шпанија заврши дури во неделата и тоа на многу драматичен начин.

Тоа бeше плеј-оф натпревар за влез во Сегунда, односно второто ниво на шпанскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако на првиот натпревар помеѓу Реал Мадрид Кастиља и Елденсе беше 1:1, реваншот одигран во Елда кај Валенсија беше повеќе од драматичен.

По речиси 130 минути игра, конечниот резултат беше 3:3, а Елденсе ја доби промоцијата поради подобрата позиција во регуларниот дел од вториот тим на Кралевите.

Избраниците на Раул Гонзалес одлично го започнаа натпреварот, имаа два гола предност пред Марин и Дотор и беа на вистинскиот пат кон Сегунда.

Сепак, борбениот домашен тим не се предаде и преку Нието и Бернал ги врати работите на почеток, па се играше продолжение кое донесе голема драма.

Реал дојде до ново водство благодарение на подарениот пенал кога Арибас ја смести топката во мрежата во 108. минута.

Сепак, Елденсе успеа повторно да израмни во 114. минута кога погоди Ортуно за 3:3. Продолжението беше продолжено за цели 7 минути, Реал побара нов пенал длабоко во судиското надополнување, но судијата не покажа на белата точка.

По последниот судиски свиреж следеше неверојатно славје, а голем број домашни навивачи втрчаа на теренот по последниот судиски свиреж.

За Елденс ова е трета промоција по ред и следната сезона ќе играат во Сегунда, првпат во последните 60 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…