Фудбалерите на Партизан доживеаа пораз во 5. коло од Конференциската лига од естонска Флора во Талин со резултат 1:0.
Белградскиот тим беше голем фаворит пред овој натпревар и се очекуваше црно-белите да го обезбедат пласманот во наредната фаза затоа што им требаше само еден бод. Меѓутоа Флора на крајот славеше и така остана во игра за пласман во следната фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Моментот на одлука се случи во 44. минута. Пум одлично го пронајде Мартин Милер кој погоди за 1:0. Партизан во второто полувреме се обиде да се врати и да извлече барем бод во овој меч. Нападите беа залудни и остана 1:0 за Флора која така стигна до својата прва победа во клупската историја во групната фаза од некое европско натпреварување.