Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неочекувана шанса: Икарди сепак оди на Мундијалот?

Неочекувана шанса: Икарди сепак оди на Мундијалот?

icardi

Напаѓачот на Интер сепак би можел да добие шанса!

Хорхе Сампаоли го изостави Мауро Икарди од списокот патници за Мундијалот во Русија, но сепак голгетерот би можел дополнително да биде повикан.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, утрово селекцијата на Аргентина објави дека од списокот поради повреда отпаднал фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланзини. Повредата не е воопшто наивна и тој ќе го пропушти Светското првенство.

Одличниот играч за врска отпадна од списокот патници, а на негово место би можел да биде повикан напаѓачот на Интер кој би требало да е прва опција за Сампаоли. Одлуката би требало да биде донесена во наредните неколку часа.

Да потсетиме, претходно поради повреда од списокот на Аргентина отпадна и голманот Серхио Ромеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Леверкузен ја одреди цената за најдобриот фудбалер – 150 милиони евра!

Флоријан Вирц е најдобриот фудбалер во редовите на Баер Леверкузен кој зад себе има фантас…