Дома Останати Кошарка НБА Неостварената желба на големиот Коби: Откри за кој клуб сонувал, но никогаш не заиграл

Неостварената желба на големиот Коби: Откри за кој клуб сонувал, но никогаш не заиграл

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант откри во разговор за медиумите во САД дека неостварена желба му е играњето за Њујорк Никси.

Ќе потсетиме, големиот Коби се пензионираше во 2016 година, а претходни дури 20 години го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беше блиску пред заминување и тоа еднаш во летото 2004 година после поразот во финалето од Детроит Пистонс. Сепак, Лејкерси тогаш успеаа да го убедат да остане и го испрати Шекил О’Нил во Мајами Хит.

Коби во текот на богатата кариера освои дури пет титули шампион на НБА лигата, а му остана неисполнета желбата еден ден да заигра за Никси. Тоа е малку чудно со оглед дека овој тим со години е во резултатски и организациски проблем, но Коби има интересна причина поради која жали. Во прашање е играњето во „Медисон Сквер Гарден“.

„Секогаш сонував да играм во Њујорк за тоа да се исполни. Навистина „Медисон Сквер Гарден“ беше историска арена, последната која остана. Кога дојдов во НБА уште постоеа „Чикаго Стадион“ и „Бостон Гарден“, но тие во меѓувреме беа срушени, така остана само МСГ. Секогаш сакав да бидам дел од историјата и да играм таму. Беше одлично доколку можев да играм во тој град“, изјави Коби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позициј…